МВР утрово информираше за нови моменти во врска со случајот „Македонски пошти“. Во соопштението се наведуваат нови детали во врска со случајот „Пошта“.
-Во врска со кривичната пријава од 16.08.2013 година, поднесена против А.С., З.Ј., Г.А., И.А., Б.И., Р.Џ., Н.Б., И.П., В.Б. и В.Т. како службени лица вработени во АД за поштенски сообраќај „Македонска Пошта“ во државна сопственост, а во врска со ТМВ марка Фолксваген-Кеди, сопственост на АД „Македонски Пошти“, кое возило по издадена судска наредба за приведување на пријавениот И.П е пронајдено во дворот од неговата семејна куќа , по што истото со судска наредба е одземено и со истата наредба задолжени се лица од ОКТ при СВР Скопје да извршат преглед и фотографирање на ТМВ во присуство на претставници од страна на АД „Македонски Пошти“, стои во соопштението од МВР.
Од страна на увидна екипа при СВР Скопје постапено е по судската наредба и во присуство на претставници на АД за поштенски сообраќај „Македонска Пошта“ во државна сопственост извршен е преглед и фотографирање на предметното ТМВ. По извршениот преглед во возилото, во задниот дел е извршено отворање на сеф-касата и во внатрешноста на сефот пронајдена е една запечатена платнена вреќа, а по отворањето на платнената вреќа, констатирано е дека во вреќата се наоѓаат 80.000 денари, односно 80 банкноти во апоени по 1.000 денари, кои по усна наредба на Истражниот судија со потврда за привремено одземени предмети се одземени , а предметното ТМВ е запечатено и со специјално возило на МВР по судска наредба на 21.08.2013 година е предадено во Агенцијата за управување со одземен имот во депото во Идризово.
По превземени дополнителни мерки и активности за утврдување на дополнителни факти и докази утврдено е дека А.С.(50),А.З.(37) и горенаведениот осмопријавен И.П., на 16.08.2013 година околу 14,00 часот во н.Карпош извршувајќи размена на вредносна пратка (паричен одвишок) од ЕПМ 1062 Радуша, сториле кривично дело „несовесно работење во службата„ предвидено и казниво по член 353-в од КЗ на РМ.
Имено, на 16.08.2013 година А.С. на работно место конторлор-водител во ЕПМ 1062 Радуша , на А.З. на работно место стручен соработник за безбедност во самостојната служба за безбедност во АД за поштенски сообраќај Македонска Пошта, му пријавил паричен одвишок. Паричниот одвишок А.С. на 16.08.2013 година морал да го изврши со службата за безбедност на АД за поштенски сообраќај Македонска Пошта, размена согласно поштенските прописи. Иако согласно Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работни места на вработените во АД за поштенски сообраќај Македонска Пошта , имал обврска да се грижи и да превзема одговорност за вкупното работење во ЕПМ 1062 Радуша, како и работните задачи да ги извршува во согласност со поштенските прописи, А.С. постапил спротивно на член 67 во делот “редослед на размена“ од Правилникот за вршење услуги во поштенскиот сообраќај. А.С. размената на вредносната пратка (паричен одвишок), ја извршил надвор од просторијата на ЕПМ 1062 Радуша и вредносната пратка (паричен одвишок) му ја предал на раководителот на самостојна служба за обезбедување И.П. во н.Карпош со што постапил спротивно на Правилникот за вршење услуги во поштенскиот сообраќај.
А.З. согласно Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работни места на вработените во АД Македонска пошта-Скопје , постапил спротивно на описот и пописот на работното место-став 11.
Имено, А.З. во телефонски разговор со А. С., се договорил размената на паричниот одвишок да ја извршат надвор од просториите на Пошта 1062 Радуша, односно неопределно место во град Скопје, а со И.П. во н.Карпош спротивно на член 67 од правилникот за вршење услуги во поштенскиот сообраќај. А.З., морал да му укаже на А.С., дека согласно член 22 од Правилникот за физичко и техничко обезбедување во АД за поштенски сообраќај Македонска Пошта размената на паричниот одвишок мора да се изврши со соодветна придружба од МВР, а во согласност со одлуката на Влада. Врз основа на горенаведенот А.З. постапил несовесно нарушувајќи го безбедното функционирање на поштенскиот сообраќај, безбедноста на поштанските пратки, средствата и луѓето.
Раководителот на самостојна служба за безбедност И.П. согласно неговата надлежност и овластување имал обврска и требал да дава стручна помош и насоки при изработка на планови за безбедносна проценка за заштита на објектите, да ги следи законските и други прописи и да ја спроведува нивната примена за усогласување на плановите од областа за одбрана, заштита и спасувањето на материјалните добра и вработените во друштвото. Истиот извршил размена на вредносна пратка (паричен одвишок) со А.С. надвор од просториите на ЕПМ 1062 Радуша спротивно на член 67 од Правилникот за вршење услуги во поштенскиот сообраќај и согласно член 22 од Правилникот за физичко и техничко обезбедување во АД за поштенски сообраќај Македонска Пошта, како и тоа дека размената на паричниот одвишок мора да се изврши со соодветна придружба од МВР во согласност со одлуката на Влада . Разменетата вредносна пратка (паричен одвишок) И.П. морал да ја достави во службата која ги превзема паричните одвишоци сместена во просториите на Подружница Пошта Скопје-2 лоцирана на ул.„Никола Карев“. Врз основа на горенаведеното И.П. постапил несовесно нарушувајќи го безбедното функционирање на поштенскиот сообраќај, безбедноста на поштенските пратки, средства, објекти и луѓе.
Во врска со тоа на А.С. и на А.З. од страна на Истражен судија им е одредена мерка притвор во траерње од осум дена“, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?


