| четврток, 6 декември 2018 |

Гордана Јанкуловска: Не се плашам од одмазда

Gordana_jankulovska-604x272

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска беше директно прашана, во интервју за Утрински весник, дали се плаши од одмазда, со оглед дека многу луѓе завршија зад решетки во досегашниот нејзин мандат:

„Ако калкулирав со ризиците или стравот од одмазда откако ќе ми заврши функцијата, ќе беше најдобро воопшто и да не се нафаќам на оваа работа. Политичката филозофија која ја промовираме од првиот момент е многу прецизна: бескомпромисна и неселективна борба со криминалот. Има луѓе на кои не им се допаѓа, но ние опстојуваме на неа. Таа носи и ризици, но тоа е цената која што ја прифативме кога ја добивме довербата од граѓаните. Секако дека сум свесна за нив, но со стравот расчистив уште во 2006 кога го прифатив предизвикот. Кога постапувате принципиелно без претходни калкулации, а законот и мнозинството граѓани се на ваша страна, тоа е доволно за да бидете спокојни и за време на мандатот и кога тој ќе заврши“, вели меѓу другото Јанкуловска во интервјуто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top