| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се најдобрите НБА кошаркари според Леброн Џејмс? (видео)

lebron james

Иако неретко токму него го истакнуваат како најголемиот конкурент на Мајкл Џордан за титулата најдобар кошаркар на сите времиња, Леброн Џејмс нема дилеми за тоа кому му припаѓаат почестите.

И покрај тоа што најдоминатниот играч на денешницата вели дека му е тешко да избере кои се за него најдобрите поединци во историјата, сепак првото име кое што му паѓа на памет на Леброн е она на „Летечкиот Мајк“.

Имено, откако новинарот на американската телевизиска мрежа „Фокс“ му по постави токму ова прашање, кои се според него најдобрите кошаркари на сите времиња, првата ѕвезда на Мајами „Хит“ веднаш одговори: „Мајкл Џордан“.

Предводникот на актуелниот шампион во најсилната лига на светот и подоцна неколкупати го спомена Мајкл Џордан и истакна дека му е тешко да избере тројка, меѓутоа сепак ги издвои уште Џулиус Ирвинг и Лери Бирд.

Како и да е, на крајот, откако беше побарано да наведе и четврто име, помалку очекувано тоа беше Меџик Џонсон.

httpv://www.youtube.com/watch?v=AFxn_Nnr_qo

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top