Ирански официјални лица ја демантираа веста за експлозија во постројката „Фордоу“, откако пред неколку дена беше објавено дека во можен напад на иранската нуклеарна лабораторија била уништена инфраструктурата, а под земја биле заробени 240 луѓе. Медиумите што ја објавија веста, настанот го опишаа како најголема саботажа во иранската нуклеарна програма. Експлозијата била толку силна што се почувствувала на радиус од пет километри, поради што неколку часа бил затворен и автопатот во близина на Техеран.
Иранските власти ги негираат сите овие информации. Заменик-директорот на иранската агенција за атомска енергија Сијед Шамеседин Бабруди рекол дека немало никаква експлозија во нуклеарната централа, а тоа го потврдил и претседателот на иранскиот парламентарен одбор за надворешна политика Алаедин Бороујерди, кој веста ја нарекол „неоснована лага, чијашто цел е да влијае на тековните преговори за иранската нуклеарна програма“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.