| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановец 7 години бара правда по ќотекот од снаата

tepan

Спасил жива глава но, добил плочка во десната рака. Снаата за брат од бившата сопруга го нападнала и му ја скршила подлактицата и 7 години од тогаш се уште чека судска отштета, јавува Канал 5.

Овој човек од кумановско, кој сакаше идентитетот да му остане сокриен, вели дека во 2006 ја посетил мајката на неговата поранешна сопруга и додека таа сакалa да му свари кафе, шурнајката го нападнала со стап долг метар и половина.

– И старата не и она со еден стап да ме удри и јас ја ставив раката вака. Да ме удреше овде и судскиот вештак рече јас би останал на место, би ти скршила слепоочница. Коската ми излезе овде. Сега имам плочка и штрафови – вели тој.

* Зошто ве нападна, претходно сте имале недоразбирања?

– Не знам, без никаква причина, немам поим.

– На врата ми рече ќе ти е… сега мајката, ќе влезам дома, ќе земам пиштол и ќе те убијам на место. И другата снаа што е тука влезе и ми вели бегај сега ќе те убие на место. Јас преку врата преку ограда, патлиџани и пиперки навадуваа ползејќи не смеам да одам исправено може со пиштол да ме убие од далеку… – раскажува тепаниот кумановец.

Жената што го нападнала била осудена на условна казна но, овој човек вели дека се уште не може да си ја добие оштетата од 3 и пол илјади евра што ја побарал во граѓанска парница. Дополнителен проблем му е тоа што живее во Германија и во земјава доаѓа на привремено.

– 3-4 пати бевме кај еден кај друг судија со мојот адвокат нејзиниот адвокат. Еве седма година тоа се влече – додава тепаниот маж.

Иако поретко бројките покажуваат дека и жените креваат рака на мажи, без разлика дали е сопруг член на семејството или некој друг. Во делот на семејното насилство, според статистиките на МВР во првото полугодие од минатата година биле регистрирани 15 случаи кога жени нападнале мажи.

Годинава за истиот период бројот се зголемил двојно. Во 10 случаи насилството го извршиле сопруги, во 5 – мајки, но има случаи кога мажи се напаѓани од поранешни сопруги, снаи и ќерки.

Според статистиките на труд и социјала, минатата година 116 мажи биле жртви на семејно насилство, годинава до јуни регистрирани се 53 вакви случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top