Мешовит комитет за економска соработка меѓу Македонија и Катар и во најскоро време отворање амбасада во Скопје, договорено е меѓу меѓу македонскиот претседател Ѓорге Иванов и катарскиот емир Хамад бин Калифа ал-Тани, јавува МИА од Доха.
– До само пред три години немавме склучено никаква билатерална спогодба со Катар. По интензивните контакти правната рамка меѓу двете земји е оформена, а во таа насока денеска е потпишан и меморандумот за разбирање во сферата на туризмот – вели претседателот Иванов.
На разговорите биле разгледувани можностите за катарски инвестиции во Македонија, а емирот од Катар бил заинтересиран за соработка во високото образование, како и во областа на културата, што се должи на неодамнешната посета на КУД „Танец“ на Доха.
Министерот за економија Ваљон Сарачини, како дел од официјалната делегација во Катар, имаше средба со генералниот и главен извршен директор на „Катар холдинг“, Ахмад Мохамед ал-Сајед. Сарачини потпиша меморандум за разбирање за туристичка соработка меѓу двете земји, а беше потпишан и меморандум за соработка меѓу стопанските комори на Македонија и на Катар.
Сарачини стави акцент на енергетските и на туристичките инвестициски проекти, а најголем интерес кај оваа компанија, која бележи голем пораст со многубројните инвестициски проекти во повеќе од 30 земји во светот предизвика докапитализацијата на ЕЛЕМ, на ски-центарот Попова Шапка, како и изградба на голем спа-комплекс преку добивање концесија за термоминерална вода.
„Чебрен“ и „Галиште“, како и проектот „Вардарска Долина“ се дел од енергетските проекти за кои постои интерес да се најдат во богатото портфолио на „Катар холдинг“, доколку се реализира влезот на оваа компанија во електроенергетскиот сектор во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.