| четврток, 6 декември 2018 |

Грција- предизборен адут во Германија

eu grcija11Германските владејачки политичари во текот на досегашната предизборна кампања избегнуваа да говорат за европската должничка криза повеќе од потребното. Но, министерот за финансии Волфганг Шојбле го прекрши молкот, јавува Дојче Веле.

Четири недели пред изборите за германскиот парламент, Бундестагот, германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле на предизборен митинг во Аренсбург, недалеку од Хамбург, ненадејно спомена дополнителна финансиска помош за Грција.

„За Грција ќе биде неопходна уште една програма за помош“, рече Шојбле. На земјата, по истекот на тековната програма, ќе и‘ требаат дополнителни пари, но нема да има нов отпис на долговите“, истакна Шојбле.

Оваа изјава предизвика големи бранувања пред се‘ затоа што германската влада досега никогаш не формулираше конкретно како ќе биде финансирана Грција по 2015 година. Оној кој премногу рано нуди финансиска помош, ги торпедира реформските и напорите за штедење, се аргументираше често во Берлин. Кај најголем дел од политичарите на Унијата и либералите, ова мислење не е променето. Така, генералниот секретар на ФДП, Патрик Деринг изјави: „Сите навестувања околу натамошни програми финансиска помош за Грција се ’отров за реформските стремежи’ на Грција“. Земјата се‘ уште има време до 2014 година да ги исполни условите на кредиторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top