| четврток, 6 декември 2018 |

Софија сака како Германија и Австрија, Скопје инсистира како Бугарија и Македонија

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

За­ед­нич­ка­та вла­ди­на сед­ни­ца, ко­ја не­де­ла­ва се одр­жа во Ќу­стен­дил, да­ва на­деж де­ка, и по­крај ина­е­тот и зло­ба­та кои од­вре­ме-на­вре­ме се по­ја­ву­ва­ат на ре­ла­ци­ја Скоп­је-Со­фи­ја, две­те др­жа­ви, и пред сè две­те на­ции, би мо­же­ле на­ско­ро да ста­нат ви­стин­ски при­ја­те­ли, па ду­ри и да има­ат и брат­ски од­но­си.

goran-kol-13-gruevski-8-copy

Во 2005 го­ди­на пре­ми­е­рот Буч­ков­ски за вре­ме на по­се­та­та на то­гаш­ни­от бу­гар­ски пре­ми­ер во Скоп­је об­ја­ви де­ка се раз­го­ва­ра­ло за ини­ци­ја­ти­ва со ко­ја две­те зем­ји би мо­же­ле за­ед­нич­ки да сла­ват не­кол­ку праз­ни­ци, пред сѐ Де­нот на сес­ло­вен­ски­те про­све­ти­те­ли Ки­рил и Ме­то­диј и Илин­ден­ско­то во­ста­ние, ко­е­што во бу­гар­ска­та исто­ри­ја го но­си име­то Илин­ден­ско-Пре­о­бра­жен­ско во­ста­ние. То­гаш авто­рот на овие ре­до­ви остро се спро­тив­ста­ви на иде­и­те на Буч­ков­ски и на Ста­ни­шев за­тоа што, ед­но­став­но, Бу­га­ри­ја не оста­ва­ше впе­ча­ток де­ка со та­кво­то за­ед­нич­ко од­бе­ле­жу­ва­ње на исто­ри­ски да­ту­ми важ­ни за два­та на­ро­да са­ка да ги за­тво­ри сво­и­те за­тку­лис­ни игри кон Ма­ке­до­ни­ја. Авто­рот на оваа ко­лум­на и се­га не е си­гу­рен де­ка акту­ел­ни­от бу­гар­ски естаб­лиш­мент го про­ме­нил сво­јот од­нос кон ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње. Ду­ри ако се ана­ли­зи­ра ком­па­ра­тив­но пер­и­о­дот во кој Буч­ков­ски изра­зи до­бра вол­ја за над­ми­ну­ва­ње на исто­ри­ски­те раз­ли­ки ме­ѓу Скоп­је и Со­фи­ја и пос­лед­ни­ве 12 ме­се­ци, ќе се ви­ди де­ка јав­ни­те из­ја­ви и тај­ни­те под­мет­ну­ва­ња од Со­фи­ја се не­кол­ку па­ти по­сил­ни, се раз­би­ра на ште­та на Ма­ке­до­ни­ја. Да не за­бо­ра­ви­ме де­ка пред са­мо се­дум ме­се­ци Бу­га­ри­ја прв­пат јав­но ја бло­ки­ра­ше Ма­ке­до­ни­ја при до­би­ва­ње да­тум за пре­го­во­ри во ЕУ.

Раз­ли­ка­та, ме­ѓу дру­го­то, е во тоа што во тој пер­и­од Ста­ни­шев има­ше сил­на дес­ни­ца зад гр­бот, ко­ја, и по­крај не­га­тив­ни­от од­нос кон ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње на кра­јот на 19 и по­че­то­кот на 20 век, ка­ко и во Вто­ра­та свет­ска вој­на, во пр­ви­те го­ди­ни по па­дот на То­дор Жи­вков и до кра­јот на два­е­сет­ти­от век има­ше по­зи­ти­вен од­нос кон Ма­ке­до­ни­ја. Го­лем дел од поз­на­ва­чи­те на по­ли­ти­ка­та кај источ­ни­от со­сед се уве­ре­ни де­ка ни­ко­гаш не­ма­ше да има ве­то за Ма­ке­до­ни­ја во ЕУ до­кол­ку Бу­га­ри­ја има­ше автен­тич­на дес­ни­ца ко­ја е на власт или бли­зу до неа. Се­гаш­на­та си­ту­а­ци­ја кај со­се­ди­те ве­ли де­ка ме­ѓу пр­ви­те че­ти­ри пар­тии има ед­на цен­три­стич­ка на Бо­ри­сов, дру­га­та е со­ци­ја­ли­стич­ка на Ста­ни­шев, тре­та­та е на бу­гар­ски­те мус­ли­ма­ни, а че­твр­та­та е на не­ста­бил­ни­от Си­де­ров, кој иа­ко глу­ми дес­ни­чар­ски ра­ди­кал, спо­ред со­ци­јал­ни­те и еко­ном­ски­те мер­ки по­ве­ќе би мо­жел да се ста­ви ра­мо до ра­мо со ко­му­ни­сти­те од КПБ од вре­ме­то на Жи­вков. Иа­ко, спо­ред за­лож­ба­та за на­силс­тво, и Злат­на зо­ра не му е да­леч­на.

Тоа ја пра­ви си­ту­а­ци­ја­та со­се­ма раз­лич­на од по­ра­но ко­га дес­ни­ца­та, без раз­ли­ка да­ли е на власт или во опо­зи­ци­ја, се­ко­гаш има­ше свој став за Ма­ке­до­ни­ја, кој­што го по­чи­ту­ваа си­те. Иа­ко не си­те во неа се­ко­гаш беа со искре­ни на­ме­ри, трг­ну­вај­ќи од Же­љу Же­лев, ви­стин­ски­те бу­гар­ски дес­ни­ча­ри се­ко­гаш има­ле по­се­бен емо­ти­вен од­нос кон Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја ја гле­да­ле ка­ко најб­ли­ска бал­кан­ска др­жа­ва.

До­го­вор за при­ја­телс­тво не се пот­пи­шу­ва со си­ла

Спор­ни­от до­го­вор за при­ја­телс­тво, на кој ин­си­сти­ра Бу­га­ри­ја, сè уште е во ќор-со­как по­ра­ди ин­си­сти­ра­ње­то на Со­фи­ја де­фи­ни­ра­ње­то на ја­зи­кот во не­го да би­де по ур­не­кот што пред 13 го­ди­ни го при­фа­ти то­гаш­ни­от пре­ми­ер Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски ко­га ја пот­пи­шу­ва­ше дек­ла­ра­ци­ја­та за при­ја­телс­тво. То­гаш две­те вла­ди пот­пи­шаа до­ку­мент спо­ред кој ја­зи­кот на кој бе­ше пот­пи­шан е „ма­ке­дон­ски во сог­лас­ност со Уста­вот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја“, што во пре­вод зна­чи де­ка Со­фи­ја не го приз­на­ва ма­ке­дон­ски­от ја­зик ка­ко по­се­бен и раз­ли­чен од Бу­гар­ски­от и де­ка тој се приз­на­ва сè до­де­ка та­ка ве­ли Уста­вот на РМ. За ма­ке­дон­ска­та стра­на е спо­рен де­лот од пред­лог- до­го­во­рот во кој се збо­ру­ва за пра­ва­та на мал­цинс­тва­та, а во кој Бу­га­ри­ја не доз­во­лу­ва да би­де вмет­нат збо­рот ре­ци­про­ци­тет. Со дру­ги збо­ро­ви, Бу­га­ри­ја са­ка да до­бие спе­ци­ја­лен ста­тус на, спо­ред бу­гар­ска­та стра­на, „број­но­то бу­гар­ско мал­цинс­тво во Ма­ке­до­ни­ја“, а не са­ка да при­фа­ти Ма­ке­до­ни­ја да се гри­жи за ма­ке­дон­ско­то мал­цинс­тво во таа зем­ја. Дру­ги по­ма­ли проб­ле­ми две­те стра­ни има­ат и во вр­ска со исто­ри­ски­те лич­но­сти за кои сè уште се кр­шат коп­ја­та да­ли би­ле Бу­га­ри или Ма­ке­дон­ци, но во овој дел, спо­ред не­о­фи­ци­јал­ни­те ин­фор­ма­ции, има по­го­ле­мо раз­би­ра­ње откол­ку за ја­зи­кот и за мал­цинс­тва­та.

За Ма­ке­до­ни­ја е спор­на и те­за­та ко­ја со го­ди­ни упор­но се тур­ка во одре­де­ни бу­гар­ски кру­го­ви спо­ред ко­ја од­но­си­те ме­ѓу Ма­ке­до­ни­ја и Бу­га­ри­ја тре­ба да се уре­ду­ва­ат и гра­дат по ур­не­кот на од­но­си­те ме­ѓу Гер­ма­ни­ја и Ав­стри­ја. Ме­ѓу дру­ги­те проб­ле­ми за Ма­ке­до­ни­ја, оваа те­о­ри­ја не е при­фат­ли­ва за­тоа што пре­ку гер­ман­ско-ав­стри­ски­от мо­дел што се ну­ди пра­ктич­но уште ед­наш се не­ги­ра ма­ке­дон­ски­от ја­зик. Поз­на­то е де­ка Гер­ман­ци­те и Ав­стриј­ци­те го­во­рат на еден ист ја­зик, што за нај­го­лем дел од бу­гар­ски­те по­ли­ти­ча­ри е слу­чај ка­ко со Бу­га­ри­те и Ма­ке­дон­ци­те.

Си­те пос­тко­му­ни­стич­ки бу­гар­ски пре­тсе­да­те­ли остро ја кри­ти­ку­ваа од­лу­ка­та на Со­фи­ја со ко­ја огро­мен дел од та­ка­на­ре­че­ни­те кре­а­то­ри на јав­но­то мис­ле­ње се тру­дат да се при­ка­жат ка­ко лу­ѓе со ма­ке­дон­ско по­тек­ло или со ка­кви би­ло ма­ке­дон­ски атри­бу­ти и до­не­ка­де на­пра­ви­ја ба­ланс во јав­но­ста. При­фа­ќа­ње­то на по­ну­да­та на Гру­ев­ски за за­ед­нич­ка сред­ба од акту­ел­на­та бу­гар­ска вла­да во нај­го­ле­ма ме­ра се дол­жи ток­му на кри­ти­ки­те што Бо­ри­сов ги до­би од Же­лев и од Ко­стов отка­ко, без по­тре­ба, во де­кем­ври во Бри­сел за­ста­на ра­мо до ра­мо со Са­ма­рас кон­тра Ма­ке­до­ни­ја. Во зем­ја во ко­ја нај­мал­ку два ми­ли­о­на лу­ѓе се гор­де­ат со сво­и­те „ма­ке­дон­ски“ ко­ре­ни, не­о­држ­ли­во е да се ра­бо­ти про­тив Ма­ке­до­ни­ја, а тоа да не­ма ба­рем ми­ни­нал­ни кон­се­квен­ции за тие што го пра­ват тоа. Се раз­би­ра, би би­ло илу­зор­но да се сме­та де­ка про­те­сти­те што ја за­фа­ти­ја Бу­га­ри­ја ми­на­та­та зи­ма, по­ра­ди кои пад­на вла­да­та на Бо­ри­сов, се дол­жат на не­за­до­волс­тво­то на гра­ѓа­ни­те од ста­вот кон Ма­ке­до­ни­ја. При­чи­ни­те се ло­ша­та еко­ном­ска со­стој­ба и не­за­до­волс­тво­то од по­греш­на­та по­ли­ти­ка на Бо­ри­сов и од си­те по­ли­тич­ки ели­ти во зем­ја­та. Спо­ред не­кои ана­ли­зи, нај­го­лем дел од оние што со ме­се­ци про­те­сти­ра­ат по бу­гар­ски­те ули­ци се при­вр­за­ни­ци на автен­тич­на­та бу­гар­ска дес­ни­ца, ко­ја, исто ка­ко и ма­ке­дон­ска­та ле­ви­ца, со го­ди­ни не мо­же да се кон­со­ли­ди­ра и да пре­рас­не во по­ли­тич­ка си­ла со по­тен­ци­јал да соз­да­де вла­да. Има ли шан­си од та­кви­от раз­вој на на­ста­ни­те да до­бие не­што и Ма­ке­до­ни­ја, оста­ну­ва да се ви­ди во на­ред­ни­те нај­мал­ку че­ти­ри го­ди­ни.

goran-kol-13-gruevski-7-copy

ДЕК­ЛА­РА­ЦИ­ЈА ЗА ПРИ­ЈА­ТЕЛС­ТВО И СО­РА­БО­ТКА МЕ­ЃУ МА­КЕ­ДО­НИ­ЈА И БУ­ГА­РИ­ЈА ОД 1999 ГО­ДИ­НА

„… 11. Две­те стра­ни не­ма да пре­зе­ма­ат, пот­тик­ну­ва­ат и под­др­жу­ва­ат ед­на кон дру­га дејс­тва кои има­ат не­при­ја­тел­ски ка­ра­ктер.

Ни­ту ед­на од стра­ни­те не­ма да доз­во­ли неј­зи­на­та те­ри­то­ри­ја да би­де ко­ри­сте­на про­тив дру­га­та од ор­га­ни­за­ции и гру­пи кои има­ат за цел из­вр­шу­ва­ње суб­вер­зив­ни и се­па­ра­ти­стич­ки дејс­тва или дејс­тва на­со­че­ни кон за­гро­зу­ва­ње на ми­рот и без­бед­но­ста на дру­га­та зем­ја.

Две­те стра­ни не­ма­ат и не­ма да про­ја­ву­ва­ат те­ри­то­ри­јал­ни пре­тен­зии ед­на кон дру­га.

Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја из­ја­ву­ва де­ка ни­што од неј­зи­ни­от Устав не мо­же и не тре­ба да се тол­ку­ва де­ка прет­ста­ву­ва или не­ко­гаш ќе прет­ста­ву­ва ос­но­ва за ме­ша­ње на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја во вна­треш­ни­те ра­бо­ти на Ре­пуб­ли­ка Бу­га­ри­ја за да ги за­шти­ти ста­ту­сот и пра­ва­та на ли­ца што не се др­жав­ја­ни на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

Две­те стра­ни ќе пре­зе­ма­ат ефи­кас­ни мер­ки за спре­чу­ва­ње на не­до­бро­на­мер­на­та про­па­ган­да од стра­на на ин­сти­ту­ции и аген­ции и не­ма да доз­во­лат актив­но­сти на при­ват­ни ли­ца на­со­че­ни кон пот­тик­ну­ва­ње на­силс­тво, омра­за или дру­ги слич­ни дејс­тва кои би на­ште­ти­ле на од­но­си­те ме­ѓу Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и Ре­пуб­ли­ка Бу­га­ри­ја.

Дек­ла­ра­ци­ја­та е пот­пи­ша­на во Со­фи­ја на 22 фе­вру­а­ри 1999 го­ди­на на устав­ни­те ја­зи­ци на две­те зем­ји – ма­ке­дон­ски­от, во сог­лас­ност со Уста­вот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, и бу­гар­ски­от, во сог­лас­ност со Уста­вот на Ре­пуб­ли­ка Бу­га­ри­ја, при што два­та тек­ста има­ат ед­на­ква важ­ност”.

goran-kol-13-BA9DC2417A00431ACEBD2010F3FFB148

Ма­ке­до­ни­ја не смее да бе­га од до­го­вор за при­ја­телс­тво

И по­крај сè што е на­ве­де­но и пре­жи­ве­а­но до­се­га во од­но­си­те со Бу­га­ри­ја, Ма­ке­до­ни­ја во од­но­си­те со Со­фи­ја тре­ба да го упо­тре­би ур­не­кот што го ко­ри­сти со Ср­би­ја и со Ко­со­во. По­зи­тив­на енер­ги­ја и искре­но при­ја­телс­тво, кои мо­же­би ќе до­не­сат не­кол­ку не­га­тив­ни по­е­ни за вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја, но дол­го­роч­но мо­же да до­не­сат мно­гу по­зи­тив­ни по­е­ни и, пред сè, рам­ка во ко­ја исто­ри­ја­та, ко­неч­но, ќе би­де за­ме­не­та со по­ли­тич­ка и еко­ном­ска праг­ма во ко­ја и две­те зем­ји и на­ции ќе има­ат ин­те­рес. Фа­ктот што гра­ѓа­ни­те на Ма­ке­до­ни­ја и на Бу­га­ри­ја мо­жат да се раз­бе­рат лес­но, без поз­на­ва­ње на дру­ги ја­зи­ци, са­мо мо­же да по­мог­не во тој про­цес. За­ед­нич­ки­те хе­рои од исто­ри­ја­та, исто та­ка, мо­же да би­дат точ­ки на по­вр­зу­ва­ње ако до­бро се по­ста­ват ра­бо­ти­те. Ма­ке­дон­ска­та вла­да да ѝ по­ну­ди ра­ка на при­ја­телс­тво и на Со­фи­ја исто ка­ко што ла­ни на сто­го­диш­ни­на­та од рас­пар­чу­ва­ње­то на Ма­ке­до­ни­ја им доз­во­ли на срп­ски­те и на ал­бан­ски­те ли­де­ри да прос­ла­ву­ва­ат на Зе­бр­њак и во Скоп­је. До­го­во­рот за при­ја­телс­тво мо­же да има раз­лич­ни кла­у­зу­ли. Тој во ни­кој слу­чај не смее да би­де на­вред­лив за Ма­ке­до­ни­ја, но ако е тоа преч­ка­та за поб­ли­ски од­но­си со Со­фи­ја, то­гаш тој тре­ба да би­де пот­пи­шан во фор­ма ко­ја е при­фат­ли­ва за две­те стра­ни. За тоа има без­број ва­ри­јан­ти. Иа­ко тоа не е лес­на ми­си­ја, без­број мож­но­сти се на рас­по­ла­га­ње, дру­ги до­го­во­ри пот­пи­ша­ни од тре­ти зем­ји се на увид на две­те зем­ји, по­треб­ни се са­мо искре­на жел­ба и вол­ја. До­кол­ку искре­но­ста не е обо­стра­на, то­гаш тоа да се ка­же јав­но и да се те­ра на­та­му за да се ве­ри­фи­ку­ва при­ја­телс­тво­то и исто­ри­ско­то парт­нерс­тво со оние со кои тоа е мож­но, ако ве­ќе Бу­га­ри­те не го са­ка­ат тоа.

Гру­ев­ски не тре­ба да се пла­ши од хра­бри че­ко­ри за­тоа што са­мо со та­кви мо­же да се оди на­пред. Приз­на­ва­ње­то на Ко­со­во по­ка­жа де­ка де­но­ви­те ко­га се до­не­су­ва­ат не­по­пу­лар­ни од­лу­ки, мо­же да би­дат те­шки, но и де­ка гра­ѓа­ни­те зна­ат да ги по­чи­ту­ва­ат од­лу­ки­те што има­ат дол­го­ро­чен бе­не­фит за зем­ја­та. По­стиг­ну­ва­ње до­го­вор со Бу­га­ри­ја, кол­ку и да е тој не­по­пу­ла­рен, ап­со­лут­но ќе зна­чи и до­би­вка за Ма­ке­до­ни­ја за­тоа што та­ка не са­мо што Гр­ци­ја, за­ед­но со Ки­пар, ќе оста­не единс­тве­на­та член­ка на ЕУ што отво­ре­но бло­ки­ра, ту­ку и Бу­га­ри­ја мо­же да ни ста­не спон­зор за ид­ни­те од­но­си во рам­ки на ЕУ, НА­ТО, но и во ре­ги­о­нал­ни рам­ки. Од дру­га стра­на, и Бу­га­ри­ја ќе до­бие искрен при­ја­тел и парт­нер во Ма­ке­до­ни­ја, а не са­мо со­сед со ко­го ни­ко­гаш не сте се на­пи­ле ка­фе и со ко­го, по 20 го­ди­ни не­за­вис­ност, не­ма­те ни ди­рект­на же­лез­нич­ка ли­ни­ја.

(објавено во 48. број на неделникот „Република“, 2.08.2013)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top