Новата програма за помош на Грција ќе биде „многу мала“ во споредба со претходните две, посочува германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, кој во почетокот на неделава навести дека на Грција ќе ѝ биде потребен нов пакет за спас.
– Размислуваме за дополнителна помош, под услов Владата во Атина да ги исполни обврските и со мислата дека ќе станува збор за многу помали суми отколку досегашните – посочи Шојбле.
Во понеделникот тој најави дека земјите од еврозоната треба да ја поддржуваат Грција и по 2014 година, што беше во спротивност со позицијата на Германија и Европа ова решение за Грција да биде одложено за 2014 година. Малку подоцна, во средата, канцеларката Ангела Меркел го потврди ставот за чекање, нагласувајќи дека сè ќе зависи од напредокот што ќе го регистрира Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа