| четврток, 6 декември 2018 |

Кинески ресторан во Охрид

kinezi ohrid

Кинески инвеститори се заинтересирани да отворат современ кинески ресторан во Охрид, информираат од локалната самоуправа по средбата на градоначалникот Никола Бакрачески со кинескиот амбасадор Цуј Џивеи, јавува „Охридњуз“.

На средбата била договорена и посета на големиот кинески пристанишен град Далијан кој е збратимен со Охрид, од која се очекуваат конкретни економски резултати.

– Градот Далијан планира да помогне со донации во опремувањето на училиштата и пречистителните станици во нашиот град – велат од локалната самоуправа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top