Царинските службеници од граничниот премин Ново Село спречија обид за нелегално внесување на 120 грама 24-каратно злато.
Како што информираат од македонската царина, на 21.8.2013 година во 19.15 часот на граничниот премин Ново Село за влез во државата се пријавило патничко моторно возило со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин, во кое патувале уште четворица сопатници.
На прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават, сите одговориле негативно. Но, царинските службеници на раката на една од патничките – македонска државјанка, забележале три исти златни алки, а при прегледот на личниот багаж на жената, пронајдени се уште три идентични златни алки како и претходните.
Златниот накит тежи 120 грама и е изработен од 24-каратно злато, а неговата вредност се проценува на 222 илјади денари. Избегнатите царински давачки изнесуваат околу 80 илјади денари .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Маж уапсен бидејќи појадувал со жена (ФОТО)
-
Охриѓанец е осомничен за вчерашното убиство во Велгошти
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките