| четврток, 6 декември 2018 |

Тајзи живее за себе (видео)

Tajzi spot2Ова лето Тазји со својот хит „Регетон” го достигна врвот на нашите Топ листи, а поставеното видео на Јутјуб за помалку од 3 месеци е прегледано преку 360.000 пати.

Тајзи денеска го промовира својот нов сингл кој е пуштен во етер на неговиот официјален Јутјуб Канал. Песната го носи насловот “Живеам за себе” и порачува секој да прави тоа што сака, без да се замара со мислењето на другите.

Тимот на Иноватива кој стои зад секој нов проект на Тајзи најавува уште една песна која ќе го потврди поинаквиот стил на нивниот артист од кого за некој месец очекуваме и Соло албум.   Позитивната порака е испишана од самиот Тајзи на музика на Марко Наумовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top