| четврток, 6 декември 2018 |

Ристо Јачев: 45 години ја чекав наградата „Браќа Миладиновци“ и конечно ја добив

Годинешен добитник на наградата за најдобра збирка поезија објавена на македонски јазик меѓу два фестивали, „Браќа Миладиновци“ е истакнатиот македонски поет Ристо Jачев.

Видно изненаден од одлуката на жирито, Јачев посочи дека цели 45 години ја чекал наградата.

– Во 1968 година првпат бев во најтесен избор и оттогаш постојано сум втор, а никогаш прв. Еве годинава го добив ова значајно признание и многу сум благодарен. Сметам дека поетот цел живот пишува една песна, а поезијата е проклетство без кое не можеме – рече Јачев во емотивната изјава при соопштувањето на наградата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top