| четврток, 6 декември 2018 |

Некст тајм се враќаат со Светот во раце

nextПосле две години пауза од издавањето на албумот „На крајот од денот“, рок-дуото „Некст тајм“ се враќа на македонската музичка сцена со нова песна насловена „Светот во раце“. Нумерата е авторско дело на Мартин и Стефан, кои ја напишаа музиката, емотивниот текст е на Стефан, а аранжманот и продукцијата се на нивниот долгогодишен соработник Лазар Цветкоски.

– Одговорноста за камбек пред нашата публика со вистинска композиција која ќе го има нашиот белег беше голема. Се одлучивме за песна со брз ритам, но и мелодија и текст што ќе допрат до секого, а тоа секогаш е добитна комбинација за хит. Секогаш сум пишувал текстови кои јас лично сум ги почувствувал на своја кожа, па тоа е случај и во овој сингл. Мислам дека со преку искрени зборови секој може да ја почувствува песната – вели Стефан.

„Некст тајм“ најавува снимање видеозапис за „Светот во раце“ со цел преку музика и слика на својата публика да ѝ овозможат комплетно уживање. Изминатиов период тие беа актуелни во соседна Бугарија со свои концерти, а македонската публика ќе може да ужива во нивни концертен настап во живо во рамките на „Пиво ленд 2013“, на 12 септември (четврток).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top