Касарната близу Букурешт каде пред 24 години беа ликвидирани поранешниот романски диктатор Николае Чаушеску и сопругата Елена наскоро ќе се отвори за посетители. Новата развојна иницијатива се вика „диктаторски туризам”, а со неа Романија сака да ја збогати туристичката понуда.
Досега неприкосновена позиција во романскиот туризам има грофот Дракула, а местото на егзекуцијата на омразениот диктатор ќе стане нова туристичка атракција од септември кога некогашната касарна во Тарговисту ќе стане меморијален музеј.
Кога на 22 декември 1989 година зградата на ЦК на КПР во Букурешт беше опколена од демонстрантите, диктаторот и неговата сопруга побнегнале со хеликоптер, но војската ги запрела во градот Тарговисту, каде што по импровизираното судење, беа осудени од воениот суд, а потоа стрелани.
Првите карти за музејот веќе ги купила група шведски туристи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


