Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган предложи формирање алтернатива на Обединетите нации. Ердоган во телевизиско интервју синоќа ја критикуваше „неактивноста“ на Советот за безбедност на ОН во однос на случувањата во Сирија и во Египет.
Ако сметаме дека светот е поголем од петте постојани земји-членки на Советот за безбедност, тогаш останатите земји можат да формираат сопствена организација по примерот на ОН. Ваквиот потег може да ги принуди ОН да се реформираат, изјави Ердоган.
Пред неколку месеци турскиот премиер апелираше за реформа на Советот за безбедност на ОН. Ердоган и тогаш, исто така, нагласи дека петте постојани земји-членки не го претставуваат целиот свет, наведува „Хуриет дејли њуз“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


