
Нова технолошко-индустриска развојна зона (ТИРЗ) „Штип“ денеска се отвора на површина од 208 хектари.
ТИРЗ „Штип“ е лоцирана во северозападниот дел од градот, до индустриската зона на Штип. На 2,5 километри од зоната се наоѓа железничката станица Штип, најблискиот меѓународен аеродром е „Александар Велики“, на 75 километри од локацијата, додека најблиското пристаниште е солунското, на 225 километри.
Според Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, освен ТИРЗ во Скопје (1 и 2), Штип и Тетово, планирани се технолошки индустриски развојни и во Прилеп, Гевгелија, Кичево, Струмица, Ранковце, Струга и во Радовиш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


