Македонските граѓани, според Советот за радиодифузија, речиси се откажале од гледање на вестите во јули, јавува „Либертас“.
Надзорот покажува дека како никогаш досега граѓаните не гледаат и не сакаат да се информираат од телевизиите.
Најголема гледаност има „Сител“. Централниот дневник на „Сител“ е со рејтинг од 6,68, а најгледани се сериите на оваа телевизија – „Наследство на госпоѓицата“ со 14,82 и „Солзите на мојата ќерка“ со гледаност 12,68.
„Канал 5“ има уште понизок рејтинг. Вестите на оваа телевизија минатиот месец биле гледани 3,05, а најгледана била серијата „Пет сестри“ со рејтинг 4,69. На државната МТВ централните вести се со екстремно низок рејтинг од 1.78, а најгледано на јавниот сервис минатиот месец бил фудбалски меч од Суперкупот со гледаност 2,87. Од националните телевизии убедливо најнегледана е „Алфа“.
Вестите во 19 се со рејтинг од 1.47, а најгледано било Евролига со 2,44 и „Голи и смешни“ со 1,05. ТВ „Телма“ дневникот во јули има рејтинг од 1,87.
Ваквите рејтинзи за Македонија, која важеше за држава во која многу од времето граѓаните поминуваат покрај ТВ-екраните, покажува дека тие полека ја напуштаат оваа пасија на информирање од телевизиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



