Седум турски авиони денес влегле во регионот на северното и југоисточното Егејско море и го нарушиле грчкиот воздушен простор, соопшти Генералштабот на грчката национална одбрана.
-Сите летала, од кои две биле вооружени, се пресретнати и идентификувани во склад со меѓународните правила според стандардна пракса- се вели во соопштението.
Шест летала кои летале во една формација и едно изолирано летало од типот ЦН-235 ги прекршиле двете правила за воздухопловен сообраќај во регионот на Атина и во два наврати го нарушиле грчкиот воздушен простор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Косовската војска нема да се формира на албанскиот национален празник


