Турски бизнисмени се заинтересирани за откуп на кочански ориз. Сметаат дека сортите се квалитетни и дека одговараат на барањата на турскиот пазар, пренесе МИА.
– Кочанското поднебје и околината нудат квалитетен ориз за кој сме заинтересирани да го откупиме. Мојата фабрика годишно преработува 25.000 тони арпа. Доколку се биде според договорот, наесен одредени количини ориз ќе откупам од овој регион, вели Јусеин Ајбаш, сопственик на фабрика за преработка на ориз во градот Едрене.
Поддршката од Турција во делот на оризопроизводството продолжува. Тим турски експерти пред неколку месеци постави опит во Кочанско за одгледување четири нови сорти како дел од соработката меѓу турската компанија ТИКА и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Земјоделци од Штипско, Кочанско и Виничко добија по 200 килограми семенски материјал, а сеидбата, вегетацијата и заштитата ја следеше Земјоделскиот институт.
По денешната посета на опитот, експертите оценија дека сортите одлично напредуваат. За неполн месец, како што изјавија, се очекуваат и првите приноси.
– Посетата е од особено значење за нас. Ја продолжуваме почнатата соработка во делот на пробното производство во кочанскиот крај, изјави Влатко Минов, раководител на Подрачната единица на Министерството.
Земјоделците од проектот очекуваат, пред се, добивање квалитетен семенски материјал, но и промена на навиките во производството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)
-
Експлозија на гасовод во Истанбул