| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија го награди Лазаров

ATLETICO MADRID VS. FUCHSE BERLIN

Македонскиот ракометар Кирил Лазаров е добитник на наградата „Powerade“ што ASOBAL ја доделува за ракометарот со најмногу одиграни натпревари во тековната сезона. Лазаров е со најмногу одиграни натпревари во сезоната 2012/13.

Тој како играч на Атлетико Мадрид одиграл 37 натпревари во домашните натпреварувања. Отсустувал само од мечот со Арагон во Мадрид во 27 коло, заради повредата заработена во раната фаза на мечот Македонија- Шпанија.

Македонскиот ракометар ќе го наследи Сергеј Рутенка, која ја освои оваа награда минатата година за сезоната 2011/12. Оваа награда во годините наназад ја освојувале и Витор Томас, Исајас Гвардиола и Даниел Шариќ кои се сегашни и поранешни соиграчи на капитенот на македонската репрезентација.

Лазаров наградата ќе ја прими на 5 септември за време на гала свеченоста на ASOBAL во хотелот „Паласио де Санта Ана“ во Ваљадолид, во предвечерјето на ASOBAL Суперкупот меѓу Барселона и Натурхаус ла Роха.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top