Романскиот гигант Динамо од Букурешт го најави трансферот на Јован Костовски од Вардар како завршена работа, а напаѓачот на „црвено-црните“ имаше и доза среќа поради пропаднатиот ангажман на Георге Тукудеан. Романскиот шпиц од Стандард Лиеж требаше да дојде во Динамо како позајмен играч што ќе го спречеше трансферот на Костовски, но не дојде до договор меѓу Динамо и Белгијците. Тоа ширум ги отвори портите во тимот од Букурешт за македонскиот стрелец број 1 од минатата сезона. Костовски оди во Динамо за сума од 40 илјади евра како отштета за Вардар и плата за себе од 8 илјади евра месечно плус бонуси. Клубот од Букурешт очекува уште едно засилување од Брегот на Слонова Коска, а се работи за 25-годишниот Кевин Зугуала.
Интерес за Костовски имаше и од српските гиганти Црвена звезда и Партизан, но речиси е сигурно дека тој ќе биде член на Динамо од Букурешт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“