| четврток, 6 декември 2018 |

Франција: Ако треба, ќе се употреби сила во Сирија

sirija zrtvi hemisko oruzje

Францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабијас, изјави дека меѓуанродната заедница мора да реагира ако се покажат како точни наводите на сириската опозиција дека војската на Башар ал Асад употребила масовен напад со хемиско оружје.

Фабијас во интервју за француската телевизија БФМ изјави:

– Меѓународната заедница ќе мора да примени сила во Сирија, но нема збор за тоа дека на терен ќе се испратат воени сили.

Министерот, исто така, додаде дека со оглед на тоа дека Советот за безбедност на ОН не можеше да донесе одлуча за да се преземат конкретни мерки во врска со Сирија, ќе мора да се донесе одлука на друг начин.

Сирсиката опозиција го обвини режимот на Асад дека неговата војска употребила хемиско оружје при напад на бунтовници, додека Дамаск одговори дека станува збор за лажни обвинувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top