| четврток, 6 декември 2018 |

САД бараат истрага за масакрот во Сирија, Русија и Кина не дозволуваат (вознемирувачки фотографии)

masakar4

САД изразија голема загриженост поради информациите за наводен напад со хемиско оружје врз цивили во Сирија и побрара од ОН истрага за инцидентот.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест соопшти дека Вашингтон формално побарал од ОН итна истрага за неводите дека силите на режимот употребиле хемиско оружје.

–         Истражниот тим на ОН кој во моментот е во Сирија е подотвен тоа да го направи во согласност со неговиот мандат, изјави Ернест.

–          Русија и Кина не се согласиле со барањето за истрага и одбиле да го потпишат.

–         Претходно руското МНР изјави дека рачно изработената ракета најверојатно е лансирана од страна на бунтовниците, а не од војската на Башар Асад.

Во меѓувреме Советот за безбедност при ОН за денеска закажа консултации по ова прашање.

Во меѓувреме светските медиуми објавија вознемирувачки материјали од нападот во кој бил употребено хемиско оруже што бил извршен во близина на Дамаск, во кој загинале околу 1.000 цивили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top