Меѓународното здружение на професионални фудбалери (ФИФПро) ги стави на „црната листа“ Грција и Кипар, заедно со Турција, како непожелни дестинации за фудбалерите поради лажните ветувања при трансферите.
– Клубовите од овие три земји ги мамат фудбалерите со богати понуди, кои потоа не ги почитуваат. Фудбалерите странци кои заминуваат во Грција, Кипар и Турција честопати не ги добиваат ветените пари, а споровите со клубовите завршуваат на арбитражниот суд во ФИФА – стои во соопштението на ФИФПро, организација со седиште во Холандија.
Исклучок, како што се наведува, се само клубовите од овие три земји шти настапуваат во европските купови, особено тие во Лигата на шампионите, поради строгиот лиценцен систем на УЕФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“