Утре завршува сагата околу Герет Бејл. Како што се претпоставуваше Бејл ќе премине во Реал Мадрид од Тотенхем како најскап фудбалер во историјата. Сумата е 99 милиони евра.
Главниот проблем за овој трансфер беше Португалецот од редовите на Реал, Фабио Коентрао, кој се споменуваше како дел од трансферот за намалување на сумата за Велшанецот, но „спарси“ инсистираа само на кеш.
Тотенхем ги завршува деталите за трансферите на Ерик Ламела и Вилијан, па затоа не им е потребен Коентрао во нивните редови.
В петок се очекува потврда на официјалната веб-страница на клубот од Мадрид, додека презентацијата на фудбалерот ќе биде закажана за следната недела. Герет Бејл ќе биде на располагање на тренерот на Реал, Карло Анчелоти, по репрезентативната пауза која ја имаат фудбалерите до средината на септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“