Мислам дека господинот Жерновски направи голема грешка што првиот ден од својот мандат го започна со клоцање на тараби, наместо да започне со позитивна енергија. Тој вели и дека ќе има предвремени парламентарни избори, а ГРОМ ќе настапи самостојно.
Ова во интервју за порталот „Фактор“ го вели градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој додава дека очигледно стратегијата на Жерновски е опонирање на централната власт.
-Гледаме дека во континуитет целокупната негова активност се сведува на опонирање на централната власт, што е очигледно е негова стратегија. Јас и на почетокот изјавив дека работата ќе му биде од играчка – плачка, и плачката му дојде кога му се собраа неколку илјади граѓани. Му дојдоа пред оштината и потоа напомош ги бараше амбасадорите. Не знам дали ги консултираше амбасадорите кога одлучи со клоци да урива огради, а потоа кога ја уриваат неговата ограда тогаш ги бара амбасадорите. Убеден сум дека тоа е погрешна стратегија, вели Јакимовски.
Во однос на инспекциите на кои се жали Жерновски, Јакимовски вели дека тоа му се случувало и нему, но не успеале да му најдат неисправност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јакимовски: Намалувањето на казната за Боро Стојчев е политичка, а не правна одлука
-
Кривична пријава за Јакимовски и четворица негови соработници
-
Јакимовски: Откако се одвоив од СДСМ во 2013 година, постојано ми се закануваат со притвори и затвори
-
Ристески: Жерновски 4 години без срам и недомакински ги троши парите на центарци