| четврток, 6 декември 2018 |

Рукавина експрес, играчот на Динамо исклучен само 30 секунди откако влезе во игра (видео)

Анте Рукавина е трагичар на првата рунда во плејофот за пласман во Лигата на шампионите, веројатно и рекордер по брзината со која влезе на теренот и веднаш го напушти. Играчот на Динамо го замени Дује Чоп во 71. минута од дуелот со Австрија Виена, не успеа ниту да ја допре топката, а мораше да оди надвор од теренот. Со кунг-фу удар Рукавина го покоси Рогуљ и доби директен црвен картон по само 30 секунди минати на тревникот на Максимир во Загреб. Динамо загуби со 0-2 и ќе има тешка задача во Виена да ја надомести негативата и да се пласира во фазата по групи во ЛШ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top