Бразилскиот ас Нејмар го постигна голот-првенец во дресот на Барселона, со кој израмни на 1-1 во првиот меч од шпанскиот Суперкуп, во кој Атлетико Мадрид беше домаќин. Интересен тек на настаните најави Давид Вилја со водечки гол за Атлетико во првиот дел. најдобриот стрелец во историјата на шпанската репрезентација со ремек-дело од волеј ја затресе мрежата на Барселона, клуб од каде што дојде летово во Атлетико.
За Каталонците е лоша вест и повредата на Лионел Меси, кој беше заменет на почетокот на второто полувреме. По еден час игра Нејмар доби шанса да игра и веднаш одговори со гол за израмнување. По центаршутот на сонародникот Дабни Алвеш, Нејмар со глава од тешка позиција го погоди голот на Куртоа за конечни 1-1. Реваншот ќе се игра во Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



