| четврток, 6 декември 2018 |

Скок пред Статуата на слободата (фото+видео)

skokСветското натпреварување се сели во Бостон, еден од најстарите градови на САД. Светските великани на овој спорт ќе го покажат својот талент со скок од платформата поставена на зградата на Институтот за современа уметност, а битката за позиција во вкупниот поредок сѐ уште е неизвесна.

skok1

На сите гледачи натпреварувачите сигурно ќе им понудат незаборавно искуство, благодарение на скоковите кои што се изведуваат од висина поголема од 27 метри, а при кои, во текот на тие неколку секунди, натпреварувачите достигнуваат брзина и до 85 километри на час.

Досегашните вкупни резултати од “Red Bull Cliff Diving” серијата за 2013 година се:

– Гери Хант со освоени 650 бодови

– Артем Силченко со 540 бодови

– Орландо Дике со освоени 490 бодови

– Дејвид Колтури со 400 бодови

– Џонатан Паредас со 380 бодови

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top