| четврток, 6 декември 2018 |

Анжи се распаѓа

Францускиот интернационалец Ласана Диара е последниот играч кој го напушти рускиот фудбалски клуб Анжи.

Тој потпиша за клубот Ликомотив од Москва. Пред Диара од клубот од Махатчкала си отидоа и Олег Шатов, Јури Жирков, Игор Денисов, Александар Кокорин и Мбарк Бусуфа.

Деновиве се очекува клубот да го напуштат и Самуел Ето и Бразилецот Вилијан.

Незадоволните фудбалери го напуштаат клубот бидејќи сопственикот Сулејман Керимов одлучил драстично да ги намали трошоците во клубот преку намалувањето на платите на фудбалерите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top