| четврток, 6 декември 2018 |

Бенедикт XVI: Господ ми рече дека треба да одам во пензија

Поранешниот папа, Бенедикт Шеснаесетти изјави дека Господ му рекол дека треба да оди во пензија, пренесе католичката новинска агенција „Зенит“. Откако ја шокираше јавноста со објавувањето дека заминува во пензија, Бенедикт Шеснаесетти само малкумина пријатели примаше во приватна посета во својата резиденција. Еден од посетителите го прашал зошто одлучил да се повлече. „Бог ми го кажа тоа“, одговорил Бенедикт.

Поранешниот папа појасни дека не станувало збор за укажување или феномен сличен на тоа, туку, пред сѐ, тој тоа би го нарекол „мистично искуство“ и го опишал како доживување во кое Бог толку многу пораснал во неговото срце до „апсолутна желба да останам насамо со него, изолиран во молитвите“.

Поранешниот кардинал Јозеф Рацингер раскажал и дека колку повеќе ја согледува харизмата на својот наследник, папата Фрациско, толку повеќе сфаќа дека неговата одлука да се повлече била „божја волја“. Рекол дека со задоволство го гледа дека Светиот Дух е со неговиот наследник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top