Скаути на британскиот клуб Њукасл Јунајтед вчера присуствувале на мечот Викторија Плзењ – Mарибор во Чешка што се играше во рамки на квалификациите за пласман во Лигата на Шампиноните.
Британците дошле со намера да го гледаат македонскиот репрезентативец Агим Ибраими кој настапува за словенечкиот шампион Марибор.
Според британски медиуми цената од 3 милиони фунти која што неофицијално ја одредил Маробор за Ибраими не е проблем за клубот који годинава има проблеми во нападот. На првиот натпревар во сезоната Њукасл загуби со 4:0 од Манчестер Сити.
Ибраими е најефиаксен македонски репрезентативец во квалификациите за светското првенствово Бразил догодина. Тој досега постигна 5 гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


