| четврток, 6 декември 2018 |

САД би го барале Сноуден од Македонија според договор од 1901

edvard snouden

Вашингтон од МНР побарал привремено апсење на Сноуден врз основа на Договор за екстрадиција потпишан со кралството Србија во Белград од 1901 година, договор кој државата Македонија го наследила по пат на сукцесија од СФРЈ, пишува Дневник.

Во периодот пред бегалецот Едвард Сноуден да добие привремен азил во Русија, блогери од невладиниот сектор наредија листа со потенцијални земји каде што поранешниот вработен во НСА би бил најсигурен, а Македонија не беше вброена во добри земји за добивање азил. Причината лежи во тоа што САД имаат договор за екстрадиција со Македонија. И тоа не каков било. Договорот е од историска вредност.

Американската администрација испратила писмо до македонското МНР во кое бара ако Сноуден се најде на наша територија да биде привремено уапсен, а потоа и испорачан на САД согласно Договорот за екстрадиција од 1901 година. Договорот е потпишан речиси цели две години пред Илинденското востание, па оттука се наметна и прашањето со кого САД потпишале таков важен договор во билатералната соработка.

Вашингтон се повикува на Договорот за заедничко испорачување бегалци од правдата потпишан во Белград на 25 октомври 1901 година, а кој потоа од американскиот Сенат е ратификуван на 27 јануари 1902 година и од Србија во март истата година. Ратификациите биле разменети во Белград на 13 мај 1902 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top