| четврток, 6 декември 2018 |

1.500 Македонци ќе ги бодрат кошаркарите во Словенија

makedonija-portugal-3Интересот за следење во живо на натпреварите на Македонија на Евробаскетот кој од 4 до 22 септември ќе се одржува во Словенија, е се поголем во нашата земја.

Според Вест туристичките агенции продалеа повеќе од половина од аранжманите за натпреварите од првата фаза во групата “Б” која ќе се игра во словенечкиот град Јесенице. Се очекува Македонија да ја бодрат околу 1.500 навивачи на секој од натпреварите со Литванија, Србија, Летонија, Црна Гора и БиХ. Тоа значи дека во салата “Подмежакла” во Јесенице Македонија ќе има навивачка армија една четвртина од вкупниот капацитет.
Една од агенциите кои организираат превоз, сместување и нудат влезници, продала преку 60% од своите пакети кои чинат по 24.900 денари. Друга агенција продала околу 300 пакети чии цени се движат од 200 до 700 евра во зависност од видот на сместувањето, цената на влезницата и патот.
Голем дел од фановите сакале да си купат само влезници за петте натпревари и евентуално да резервираат сместување, а патот да си го организираат сами. Патувањето со автомобил до Јесенице за оние фанови што веќе имаат влезници ќе ги чини помеѓу 200 и 250 евра во двата правци. Оние што ќе патуваат со автобус ќе треба да издвојат околу 80-90 евра за повратен билет и уште 10-11 евра за воз од Љубљана до Јесенице, а приватното сместување во стан за една недела колку што ќе траат натпреварите чини 200-300 евра за четворица

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top