
Претседавачот на Генералното собрание на ОН, Вуќ Јеремиќ, се разочарал во генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, затоа што не се заложил за поставување споменик на Никола Тесла на платото пред седиштето на организацијата во Њујорк, пишува српски „Курир“.
Јеремиќ бил навреден поради тоа што Бан Ки-Мун рекол дека ја поддржува неговата идеја, но подоцна заборавил на поддршката.
Според информациите на весникот, барањето на Србија за поставување споменик било одбиено од Комисијата за култура при комитетот на ОН од две причини – на местото не е дозволено подигнување споменици и затоа што во САД постои успешна компанија што го носи името Тесла, па споменикот би имал маркетиншки ефекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
Ги видов минатото, сегашноста и иднината одеднаш: Експериментот на Никола Тесла за патување низ времето (видео)
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
После 12 години борба и безброј болни неуспеси: Поранешниот министер за надворешни работи доби ќерка!


