Милан одигра 1-1 во Холандија против ПСВ Ајндховен и извлече добар резултат пред реваншот на „Сан сиро“, а Марибор на Агим Ибраими забележи пораз од 3-1 на гостувањето против Плзен во Чешка.
Роман Широков постигна хет-трик за Зенит во дуелот против Пакос Фереира и беше најзаслужен за триумфот на рускиот клуб. Реал Сосиедад беше надмоќен на гости против Лион и победи со головите на Грижман и на Сеферовиќ, а Ел Шарави му донесе водство на Милан против ПСВ Ајндховен, по што домаќините успеаја да стигнат до реми со погодокот на Матавж.
Агим Ибраими настапи за Марибор до 88. минута од средбата против Плзен, а чешкиот тим обезбеди предност од 3-1. Чишовски, Дарида и Дурис беа стрелци за Плзен, а единствениот погодок за Марибор беше дело на Мејач. Словенечкиот претставник ќе се обиде негативата од два гола да ја надомести на вториот дуел пред своите гледачи.
Во првиот натпревар од денешната програма, Шахтер Караганди на домашен терен го совлада Селтик со 2-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.