Трговскиот центар „Рамстор“ денеска го означи почетокот на еднонеделниот голем попуст со кој се опфатени сите продавници и бутици во комплексот. Тезги со роба се поставени пред вратите на бутиците за поголема достапност на купувачите.
Во ходниците на трговскиот центар владее голем метеж, а не е поинаку ниту внатре во продавниците. Летаат парчиња облека, робата брзо се троши, а растрчаните купувачи си го бараат идеалното парче. Попустотите се различни во различни продавници, а се движат дури и до 70 отсто. Некаде цените на очилата за сонце се спуштени од 21.000 денари на 4.500, а некаде истите се намаленаи за само 100 денари.
Најхаотично е во продавниците за текстилни производи од познати марки, каде пред вратите се создаваат редици од купувачи, некаде се спуштени ролетните и обезбедувањето одредува колку луѓе ќе влезат во продавницата. Метежот ги изненадува минувачите, кои отпрво критикуваат, но кога ќе чујат колкави се попустите, и тие живо се интересираат и се загледуваат по излозите.
Оваа конзумерска хистерија, нормална во развиените земји, станува се почеста и кај нас. Попустите не се само во „Рамстор“ – многу излози по улиците на Скопје се излепени со натписи за распродажби и со бројки за големи попусти. Рафтовте во продавниците со големи попусти експресно се празнат. Не се реткост и пропустите поради ликвидација, или затворање на продавници, некогаш и со роба од познати марки облека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лудило во Хрватска: Попусти во ресторани, намалувања во бутици… се поради „Огнените“
-
Скопјанец се бори за живот откако растроен маж со шрафцигер лудувал околу „Рамстор“
-
Инцидент пред „Рамстор“: Спречена трагедија поради сообраќајно недоразбирање
-
Уште два дена од „Garage sale“ во „Рамстор“! Проверете каде и колку има попуст на вашите омилени производи!



