| четврток, 6 декември 2018 |

Грабул скокна за 98 позиции на листата на АТП

Македонските тенисери Димитар Грабул и Томислав Јотовски, кои изминативе недели имаат успешни резултати на фјучрс-турнирите, направија нов скок на листата на АТП

grabul golema

Грабул има напредок од 98 позиции и сега се наоѓа на 553. место со вкупно 52 поена. Овој скок од околу 100 места се должи на победата на турнирот во Еупен, Белгија.

Томислав Јотовски има напредок од 17 позиции на листата и сега се наоѓа на 930. место. Јотовски има освоено 13 поени.

На ранг-листата во двојки Јотовски е на 872. место, додека Грабул е рангиран на 900. место.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top