Месните заедници од селата Сланско и Дреново мирно ќе протестираат поради, како што велат, нелегалното и незаконско одземање на изворите од Бушева Планина од страната на Крушево. Целта на овој протест, според организаторите, е да се крене свеста кај надлежните институции за решавање на овој проблем. Протестот ќе се одржи в среда и в четврток од 14 до 17 часот на мостот на реката Сланштица во Македонски Брод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



