| четврток, 6 декември 2018 |

Ивон Величковски достави до парламентот предлог Платформа за решавање на името

Ivon-Velickovski-2

 

Пратеникот на Либералната партија, Ивон Величковски денеска поднел до парламентот предлог Платформа за европските и евроатланските интеграции и за решавање на спорот со Грција во врска со името на Македонија. Во платформата, за која пратениците ќе треба да расправаат дадени се основни насоки по кои Македонија, Владата и Парламентот и сите политчки партии треба усогласено да се водат кога станува збор за стратешкиот интерес за интегрирање на земјата во НАТО и ЕУ, објави Прес24.

Како прва насока партијата на Величковски предлага да се усвои дека интегрирањето на Република Македонија во северно атланската алијанса НАТО и Европската Унија е јасен и врвен приоритет на убедливотот мнозинство граѓани на Република Македонија, без оглед на нивната етничка, религиска, социјална, политичка и друга припадност.
Во втората насока се посочува дека исполнувањето на критериуимите за полноправно членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ и решавањето на спорот со Грција се поврзани сегменти од истите процеси. Понатаму во текстот на Платформата се предлага сите политички фактори во земјава да се согласат со тоа дека македонскиот јазик, односно идентитетот нема да биде тема на разговорите за спорот со Грција.

„Според тоа, треба да се напушти практиката да се бара посебно признавање на македонскиот јазик како дел од македонскиот национален идентитет затоа што со таквото барање практично се воведува македонскиот национален идентитет како тема во преговорите“ – стои во Платформата поднесена од лидерот на ЛП.

Величковски предлага, со закон да се забрани користењето на знамето со сонцето од Кутлеш како картата на етничка Македонија во јавни настапи да се санкционира со закон, за да се отстрани можноста, Грција да ја обвинува Македонија за непријателска пропаганда.

Величковски предлага, политчките фактори во земјава да се обврзат дека спорот со името нема да се користи за партиски интереси.

„ Со оваа Платформа се утврдува дека спорот со Република Грција не е прашање на една партија, една Влада или една личност. Затоа, се утврдува потребата од комплетно меѓусебно разбирање и усогласување на сите политички фактори во државата и нивно перманентно учество во остварувањето на Платформата. Постојат услови за такво единство и треба тоа да се оствари. За таа цел предуслов е да престанат обидите со исфорсирани разлики да се стекне строго партиска корист од дневно-политички карактер, со што земјата се онеспособува успешно да го реши спорот и да ја гради и зацвстува својата меѓународна позиција.“ – предлага Величковски.

Тој инсистира, Владата, Собранието и политичките партии да се обврзат дека успешно ќе ги остваруваат политиките предвидени во неговата Платформа а за динамиката на нејзиното остварување, Владата да го информира Собранието, а тоа да расправа по оваа точка најмалку 2 пати годишно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top