
Ренко Реансо, дефанзивец на перуанската екипа Уион Комерсио постигна неверојатно смешен автогол на мечот против Университарио во домашниот шампионат.
По центаршутот од десната страна, еден од гостинските напаѓачи беше повлечен во казнениот простор. Наспроти тоа што беше очигледен прекршок, судијата не се огласи, а се чини дека Реансо како и останатите играчи очекуваше реакција од главниот арбитар, па помалку неспретно ја шутна топката во сопствената мрежа.
-Се чувствувам грозно. Поради мене го загубивме мечот и затоа сакам да им се извинам на сите навивачи, напиша дефанзивецот на својот Твитер профил.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Dmh3rPFsEXM
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


