Организаторите на фестивалот Струмица опен на фан страната на фејсбук испрати апел до сите посетители да ги почитуваат правилата на организаторот, како и да внимаваат каде уринираат за да се заштитат имотите на граѓаните.
„Најучтиво ги замолуваме сите посетители на вториот Струмица ОПЕН фестивал да се однесуваат одговорно и да не ги рушат правилата поставени од организаторот. Меѓу другото тука се вклучува одговорното конзумирање алкохол и користење на мобилните тоалети, а не уличниот простор и имотот на граѓаните! Ви посакуваме пријатна девета вечер од најголемото случување во Македонија! „ се вели во апелот од Струмица опен фестивалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


