| четврток, 6 декември 2018 |

Лепа Брена и Марија Шерифовиќ-ѕвезди на „Струмица опен фестивал“

Седмиот „Струмица опен фестивал“ ќе се одржува од 10-ти до 19 август, соопштија денеска на прес-конференција организаторите на фестивалот – Здружението „Културно-забавен живот“ заедно со градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, и претседателот на Советот, Марјан Даскаловски.

Главни ѕвезди на Фестивалот ќе бидат српските пејачки Лепа Брена и Марија Шерифовиќ, а покрај нив уште ќе настапат Тамара Тодевска, Владо Јаневски, Тони Цетински, Пата Пата Рекордингс, Виктори бенд, Афишал, Црвена јабука, Дубиоза колектив, Саша Ковачевиќ и Астра-ион пројект.

Според Томи Печков од Здружението „Културно-забавен живот“, годинава под мотото „Слушај го срцето“, на „Струмица опен фестивал“ ќе се реализираат над 20 настани, а првиот ќе се одржи на 4 јули со традиционалната трка на келнерите.

Во оф-програмата организаторот ќе понуди повеќе програмски содржини, меѓу кои највпечатливи се вечерите на поезијата и афоризмите, летната школа за гитара, која ја води Влатко Стефановски, како и полумаратонска трка која првпат ќе се организира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top