| четврток, 6 декември 2018 |

Опозицијата продолжува со блокадите

Опозицијата и денеска ќе продложи со блокадите на три раскрсници, а вчера лидерот на СДСМ го одби предлогот на шефот на државата Ѓорѓи Иванов за лидерски средби на кои би се разговарало за несогласувањата

sdsm- protest 17-01-2013 3Опозицијата предводена од СДСМ продолжува со  блокадите на три раскрсници секој работен ден.

Од 12 до 12.30 часот денеска повторно ќе бидат блокирани трите раскрсници, кои во овој термин беа блокирани во работните денови. Тоа се раскрсницата на Партизанска и Рузвелтова кај „Симпо“, раскрсницата меѓу мостот Гоце Делчев и Владата, како и раскрсницата кај Тутунски комбинат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top