| четврток, 6 декември 2018 |

Разрешена заложничката драма во Германија

zaloznici germanija2

Германската полиција го уапси киднаперот и ги ослободи двајцата заложници во баварскиот град Инголштад.

Според портпаролот на полицијата, киднаперот бил повреден за време на акцијата, а двајцата заложници, меѓу кој и заменик градоначалникот Сеп Мислбек, биле ослободени.

Идентитетот на киднаперот се уште не е соопштен, ниту во каква здравствена состојба е.

Се верува дека е психички болна личност.

Во Инголштад денеска требаше да пристигне канцеларката Ангела Меркел, но поради заложничката драма ја одложи посетата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top