
Имајќи предвид дека е најдобриот кошаркар на сите времиња, за Мајкл Џордан се знае речиси се, меѓутоа дури и најверните следбеници деновиве добија пријатно изненадување.
Имено, пред само неколку денови на „Јутјуб“ се појави автентична видео-снимка од првите поени на „Летечкиот Мајк“, на стартот на неговата успешна колеџ кариера.
Непроценливите кадри се од натпреварот меѓу Универзитетите на Северна Каролина и на Канзас, од далечната 1981 година, кој на крајот го добил првиот табор со резултат 74:64.
Ненадминатиот предводник на Чикаго „Булс“, бил само четвртиот играч во историјата на тимот од Северна Каролина, кој во стартната петорка изборил место уште во првата година на студии.
Мајк Џордан, како што е претставен на почетокот на видеото, сепак не блеснал во цел сјај на колеџ. Просечно бележел по 13 поени, меѓутоа сето ова се променило, откако го постигнал одлучувачкиот кош за титулата против екипата на Џорџтаун.
Се што подоцна во кариерата има направено, е речиси совршено и со право дел од историјата на кошарката.
httpv://www.youtube.com/watch?v=UDjeZoUk2Ns
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


