Петмина азиланти од Авганистан се уапсени при преглед на товарен воз кој сообраќал на релација Грција – Австрија, а бил запрен на царинска контрола во Гевгелија, соопшти Царинската управа.
Мигрантите немале документи за идентификација, а сакале нелегално да стигнат до некоја од западноевропските земји. Азилантите им биле предадени на граничните полициски служби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



