Македонскиот селектор има ефект од четири победи, едно реми и седум порази на вкупно 12 одиграни натпревари. Само еден триумф Чедомир Јаневски има во квалификациите за СП во Бразил, и тоа против Србија со 1:0, а гол разликата на Македонија под водство на овој селектор е 12-16.
Овој негов ефект го смести Јаневски на претпоследното место на листата на селектори на земјите од поранешна Југославија, со коефициент 1,08.
На последното место се наоѓа српскиот селектор Синиша Михајловиќ со коефициент 1.
Со коефициент 2 на првото место е Штимац, селекторот на Хрватска, кој има седум победи, три порази и едно реми на 11 одиграни мечеви. Иако има најдобар ефект во квалификациите за СП, Сафет Сушиќ е на второто место на оваа листа со коефициент 1,54. Тој поради долгиот стаж на клупата на БиХ има послаб коефициент од Штимац бидејќи статистички има и повеќе порази.
Црногорскиот селектор Бранко Брновиќ е на третото место, додека поранешниот селектор на Македонија, а сега на Словенија, Среќко Катанец, е четврти. Инаку, анализата е направена врз основа на ефектот на селекторите, победи, порази, нерешени средби, постигнати и примени голови и, секако, должината на стажот на клупата на одредена селекција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



