| четврток, 6 декември 2018 |

Сè помалку првачиња Албанци во Кичево

skolo vnatre

Бројот на првачињата во Кичево постојано се намалува, пишува Плусинфо.

Печалбарите сè почесто си ги земаат и нивните деца во странство, па бројот на учениците низ училиштата од година во година станува сè помал.

Од Секторот за образование во Општина Кичево велат дека во споредба со минатите, оваа година се забележува намалување на бројот на учениците што се запишани на прво одделение.

– Во минатото, албанските ученици беа најмалку 30 отсто повеќе од бројот на македонските ученици, заедно со Турците и со Ромите. Сега речиси нема разлика. Бројот на албанските ученици што се запишани оваа година во прво одделение е околу 180 ученици колку што е и бројот на македонските ученици заедно со Турците и со Ромите – вели Нуредин Асани, соработник на Секторот за образование во Општина Кичево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top